Write a Review Add Photos More

Porsche Macedonia

1 review

Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG. Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила. Успехот не се должи само на моќта на врвните брендови кои се застапуваат и нивниот изграден и препознатлив имиџ, туку и на посветениот начин на работа на локалниот тим и грижата за клиентите. Неприкосновениот квалитет на производите и услугите, постојаните надградувања и подобрувања се главната конкурентска предност на што се темели лидерската позиција на автомобилскиот пазар.

Порше Македонија е бренд што ги спојува искуството на долгогодишната традиција, супериорниот квалитет и иновативната технологија.

Од своето отворање во 2005 година до денес, компанијата се залага за раст и експанзија на дејноста, што резултираше со широка продажно сервисна мрежа во Република Македонија. Своите продажно – сервисни партнери ширум земјата Порше Македонија ги снабдува со оригинални делови и дополнителна опрема од соодветната марка на возило, со што е креиран траен и фер работен однос со соработниците.

Во Порше Македонија денес работат над 100 вработени, со тенденција за понатамошно ширење на тимот. Компанијата преку програмите за развој и усовршување на кадрите и постојаната размена на информации, овозможува континуирано подобрување на квалитетот на работата.

Reviews

4.0
1 review
5 0
4 1
3 0
2 0
1 0

Gzim Zeka
13 Friends
85 Reviews
Message
If you want to buy a Porsche, Audi, Skoda, Seat or Volkswagen, this is the place to go. + more
January 2019